Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска оствари средба со делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.
Евроамбасадорот Дејвид Гир ја потврди ефикасната искористеност на мерките од ИПАРД програмата и успешната реализација на проектите финансирани од ИПА.
-На состанокот разговаравме за влијанието на глобалната криза в македонското земјоделство и за сите мерки што Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги презема за земјоделците да имаат одржливо производство и стабилност на пазарот на храна. Евроамбасадорот Гир позитивно го оцени носењето на новата Програма за финансиска поддршка на земјоделството и спроведувањето на реформите во законската регулатива во делот на усогласувањето со европските регулативи, информираше министерот Николовски.