Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски вчера оствари средба со Кристофер Цимер – шеф на Политичко-економската канцеларија во Амбасадата на САД во земјава и Рејчел Калинс – политички советник.
„Вчера ја имав честа да им посакам добредојде на Кристофер Цимер – шеф на Политичко-економската канцеларија во Амбасадата на САД во земјава и Рејчел Калинс – политички советник .
Им ги презентирав нашите активности и заедно потенциравме дека соработката меѓу 🇺🇸 и 🇲🇰 ќе продолжи интензивно и во следниот период“, истакна Николовски.
