Николовски на средба со членови на Работната група: Зацртани приоритетите и клучните области во кои е потребно намалување на дискреционите овластувања на функционерите

Намалувањето на дискреционите овластувања е стратешки приоритет на Владата и на ова прашање ќе биде посветено должно внимание, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на денешниот состанок со членовите на со Работната група.
Nikolovski1„Со таа цел, денеска го одржавме првиот состанок со Работната група за анализа на законите и другите прописи во кои се предвидени дискреционите овластувања на функционерите.
На состанокот ги презентирав полтиките на Владата во делот на дискреционите права, а со членовите на Работната група ги зацртавме приоритетите и клучните области во кои е потребно намалување на дискреционите овластувања на функционерите.
Го отворивме и прашањето за важноста на доследно спроведување на начелото на делегирање на надлежноста од Законот за општата управна постапка според кое професионалците-администрацијата, а не министрите и директорите се оние кои ќе одлучуваат за барањата на граѓаните. Работната група ќе работи интензивно во претстојниот период со цел подготовка на предлози за подобрување на законските одредби и одредбите во другите прописи“, посочи Николовски.
Nikolovski2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e