Николовски на средба со Баздникин: Потврдена заложбата за унапредување на економската соработка меѓу двете земји

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. Сергеј Баздникин.
„На средбата со амбасадорот Баздникин разговаравме за мојата улога како ко-претседател на македонскиот дел од Меѓувладината Комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација“, истакна Николовски.
Nikolovski3„Ја потврдивме заложбата за унапредување на економската соработка меѓу двете земји и искористување на потенцијалот во повеќе области кои се од взаемен интерес.
Разговаравме за обезбедување позитивна бизнис клима за руските инвеститори во државата, актуелна соработка, како и за изнаоѓање нови механизми за искористување на потенцијалот за соработка меѓу бизнис субјектите од двете земји“, посочи Николовски.
Nikolovski1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e