Николовски на средба со Арсовска: Бизнис-секторот има важна улога во процесот на спречување на корупцијата

Вицепремиерот за борба протув корупција Љупчо Николовски денеска оствари работен состанок со претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска и со претстваници од комората, на кој бил информиран за процедурата за функционирање на Антикорупциската-бизнис коалиција, чијашто основна цел е превенција од корупција не само од аспект на тој што е корумпиран, туку и низ призмата на оној што корумпира, односно дава мито. 

„Бизнис-секторот има важна улога во процесот на спречување на корупцијата и спроведувањето на механизми за подигање на свеста за одговорно однесување и во приватниот и во јавниот сектор.“ – порача Николовски.

Тој вети дека ќе се залага за решавање на корупцијата на повеќе нивоа.

„Како заменик-претседател на Владата задолжен за борба против корупцијата и криманалот, одржлив развој и човечки ресурси, ќе посветиме сериозно внимание на решавање на проблемот со корупцијата, имплементација на регулативата, координација на институциите, но и отворање на конкретни случаи.

Во целиот овој процес од големо значење ќе биде и соработката со Сојузот на стопански комори на полето на борбата со корупцијата.“ – истакна Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e