Николовски на состанок со ДКСК: Очекувам дека ќе имаме одлична соработка и ќе испорачаме силни резултати

Вицепремиерот за спречување корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска го одржа првиот официјален состанок со Државната комисија за спречување на корупција – ДКСК.

На денешниот состанок со Државната комисија за спречување на корупција, разговаравме за идната соработка во делот на откривање и спречување на корупција и воведувањето на механизми за непречено функционирање на ДКСК, како институција која има исклучително значење во оваа заедничка борба!, истакна Николовски.

„Точките за кои сме согласни, за мерките кои треба да се преземат се опширни и бројни. Со мојата нова функција, којашто ја охрабрува и ДКСК, ќе можам директно да асистирам во зголемување на ефикасноста и зајакнување на соработката со извршната власт!

Очекувам дека ќе имаме одлична соработка и ќе испорачаме силни резултати“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e