Николовски на состанок со Секторската работна група за земјоделство и рурален развој

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ одржаа координативен онлајн состанок со Секторска работна група за програмирање на Инструментот на ЕУ за претпристапна помош (ИПА) во областа на земјоделството и руралниот развој.

На денешниот онлајн состанок на Секторската работна група за земјоделство и рурален развој со донаторите се презентираа секторските приоритети и клучните предизвици за наредниот период согласно Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2021-2027, истакна Николовски.

Николовски нагласи дека заедничкото делување и комплементарноста меѓу донаторската помош е многу важна за развој на земјоделството во нашата земја.

„Разговаравме за можноста за нови развојни проекти и поддршка од донаторите за наредниот период како и за креирање на идеи и усогласувањето на нашите политики со ЕУ. Развојот на земјоделството ни претставува приоритет, ја подобруваме имплементацијата на законите инвестираме во новитети и ги преземаме најдобрите европски практики се со цел да се подобри одржливоста во земјоделството.
МЗШВ преку бројни мерки и политики ја покажува сериозната посветеност во имплементацијата на проектите и програмите со што постигнуваме значителен напредок во областа на земјоделството и руралниот развој“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e