„ Ова е чекор напред кон модернизирање и демократизирање на самата партија но и на државата и тоа ќе биде еден одличен пример, согласно сите норми на статутот е воведена нова целосна група или глава во самиот статут која се однесува на непосредните избори. Tие ќе се органзиираат преку активна регистрација на целокупното членство кое го имаме. Oвој период ќе го искористиме да навистина покрај другото имаме целосна реевиденција на членството на партијата..“ – посочи вечерва во гостувањето во вестите на Сител, генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер, Љупчо Николовски.
„ Ние веќе имаме искуство со спроведување на напосредни избори за кандидати за локалните избори и тоа беше зачетокот на минатите избори во Крушево и во Охрид, членовите на СДСМ преку непосредни избори тајнo избраа кандаидати. За Штип имаме соодветна комбинирана постапка ние веќе започнавме со постапка, донесовме вчера одлуки во делот на внатрепартиската постпка за избори..“ – додаде Николовски.