Николовски на работна вечера со менаџментот на специјализираната компанија во водоснабдувањето – Palgey Maim

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски кој е дел од владината делегација која на чело со премиерот Зоран Заев се наоѓа во официјална посета на Израел, е на работна вечера со менаџментот на специјализираната компанија во водоснабдувањето – Palgey Maim, каде се разговара за нашите потенцијали, трансферот на знаење и дефинирање на конкретните можности за соработка.

Николовски, во текот на денот имаше средби и со преставници на Tahal, Volcani Institute и NaanDan Jain Irrigation. На средбите министерот се запозна со најмодерните технологии за земјоделско производство и наводнување.

21231252_2030167063871489_1890938959818354870_n

– Израел, ќе биде силен партнер во нашите планови за модернизирање на македонското земјоделство преку едукација, трансфер на знаење, засилена билатерална соработка и конкретни инвестициски чекори. Овие средби се одлична можност да се запознаеме и да искористиме искуства, кои ќе ни помогнат за развој на македонското земјоделство. Особено се добредојдени искуствата на Израел, во делот на наводнување, потенцира Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e