Сакам да ги информирам земјоделците, дека на почеток на следната недела, ќе има субвенции за овоштарите. Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство – #МЗШВ, е свесно за состојбата во која што се наоѓаат овоштарите од Преспанскиот регион. Токму затоа се прават напори да се излезе во пресрет на земјоделците и на нивните барања, изјави министерот Љупчо Николовски.
Едно од нивните барања и причина за револт се дел од неисплатените субвенции, и затоа ги информираме дека денеска се изготвени решенијата за исплата на 544 овоштари, во висина од 28 милиони денари, пари кои производителите ќе ги добијат на почетокот на следната недела, потенцира министерот.
Што се однесува околу исплатата на обештетувањето за ланските пролетни мразеви во Преспанскиот регион, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, подготви Информација, која ќе се разгледува на една од следните владини седници.
Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, продолжува да работи во интерес на земјоделците и земјоделското производство како важна стратешка гранка.
Владата на Република Македонија, ќе делува континуирано во делот на интервенциите и решавање на проблемите во земјоделството, секогаш кога ќе биде потребно, додава Николовски.