Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска присуствуваше на отворањето на саемот „Агро Белград 2022“, во Белград.
Позитивна енергија на денешното отворање на саемот „Агро Белград 2022“, во Белград, истакна Николовски.
„Особено ми е драго што првите денови од мојот мандат ги започнуваме токму низ еден отворен пристап на регионалната соработка, да ги размениме сите искуста и сите практики кои ги нуди иницијативата #ОтворенБалкан“.
Овој специјализиран саем посветен на овоштарството, лозарството и градинарството е добра можност земјите учеснички, вклучително и македонските компании, да ги претстават на автентичен начин своите производи на пошироката јавност и да направат нови контакти за зголемување на извозот и освојување на нови пазари“, посочи Николовски.