Николовски на Меѓународен Самит во соседна Бугарија: Само заедно до здрава и безбедна храна за нашите граѓани

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски деновиве учествува на Меѓународен Самит „Зелена Транзиција – Централна и Источна Европа“ кој се одржува во Софија, Бугарија, каде свое обраќање ќе има на панелот на тема цени, храна и безбедност на храна.

Во рамки на посета министерот Николовски ќе оствари и средба со министерот за земјоделство и храна на Бугарија, Кирил Ватев.

– Чест е да присуствувам на Меѓународниот самит “Зелена транзиција-Централна и Источна Европа” што се одржува во Софија. Заедно со колегите ќе разговараме за безбедноста и достапноста на храна. Само заедно и сплотени можеме да ги постигнеме нашите цели, здрава и безбедна храна за нашите граѓани, порача Николовски. 347395341_802082581285580_371116947108536563_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e