Како дел од форумот Зелена транзиција CEE2023, во рамки на Меѓународниот Самит „Зелена Транзиција – Централна и Источна Европа“ кој се одржува во Софија, Бугарија, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски се обрати на панелот каде се разговараше за обезбеденоста со храна достапна за секој, разменувајќи ставови и искуства за трансформациите што заеднички треба да ги направиме.
– Како држава подготвивме Национален план за производство на храна, преку кој го поддржуваме домашното производство на храна, пред се на значајните култури и домашното прпизводство го насочуваме кон домашните капацитети. Од оваа година преку нови програми за поддршка обезбедивме грантови за развој на малите производители на храна и пијалоци. Преку Интервентна програма, за што сме единствени во регионот даваме поддршка на секој еден земјоделец во услови на криза, а преку конкретни владини мерки помогнавме во стабилизирање на цените обезбедувајќи храната достапна за секој граѓанин, порача Николовски.

– Преку иницијативата Отворен Балкан ги отворивме трговските текови, ја задржавме регионалната стабилност и економскиот развој на нашите земји. Како земја лидер во регионот за ИПАРД, продолжуваме да го модернизираме земјоделството со новата ИПАРД 3 програма во која имаме за 62% зголем буџет европски средства. Преку развиено и модерно земјоделство можеме да ја постигнеме целта за поголеми количини храна, безбедна и достапна за секој граѓанин, потенцираше министерот Николовски.
