” Ова е реалноста на коронавирусот. Не бира кого зафаќа. Не постои 100% заштита освен ако не се затвориш дома и немаш апсолутно никаков контакт со никого. Затоа ги замолувам сите граѓани да го сфатат ова сериозно. Светот продолжува да живее, само мораме да ги почитуваме мерките без исклучок!” – напиша на Фејсбук, Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, по денешната информација дека мајката на лидерот на опозицијата е позитивна на коронавирусот.
“Сигурно на колегата од политичката сцена му е тешко во овој момент. Никој не сака ова да му се случи! На госпоѓата Мицкоска, искрено ѝ посакувам што побрзо опоравување. А сите ние да внимаваме максимално. Само така можеме да бидеме поддршка за здравствените работници кои се толку многу пожртвувани на првата борбена линија со вирусот за што мора да сме им крајно благодарни!” – додаде Николовски.