Николовски: МЗШВ со полн капацитет ги извршува своите обврски поврзани со пожарите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со полн капацитет ги извршува своите обврски поврзани со справување со пожарите.

Министерството само оваа недела промовираше мерки во износ од нови 10 милиони евра за земјоделците, распиша огласи за неповратна финансиска помош за млади земјоделци во износ од 6 милиони евра, распиша огласи за доделување под закуп на над 1500 хектари земјоделско земјиште. И за само два месеци, покрај сите опструкции, исплативме 50 милиони евра за субвенции.

Опозицијата наместо ширење на лаги за странски луксузни плажи, нека не ја кочи демократијата и разрешувањето на Зврлевски, само заради заштита на деценискиот криминал на нивното криминалното раководство.

Правдата и реформските процеси нема да ги запрат. Македонија оди напред!

Како што извести и Владата, оваа година користам само краток продолжен викенд, а од утре сум повторно посветен на обврските во министерството.

Во интерес на граѓаните! – реагира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e