Во време на криза потребно е сите заедно да покажеме одговорност, посветеност и рационалност. Само така успешно ќе ги совладаме сите предизвици, истакна министрот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
„Врз основа на одлуката од осмата седница на Владата и донесените заклучоци за рационализација на трошоците МЗШВ донесе план за рационализација на сите трошоци.
-Се намалуваат расходите за патни и дневни расходи
-се намалуваат расходите за договорни услуги, за материјали и ситен инвентар, поправки и тековно одржување.
-Се рационализира бројот на службени патувања и значително се намалува бројот на членови на делегации при патувања во странство.
-се намалуваат расходите за репрезентација и користењето на службени возила“, соопшти Николовски.