Поранешниот министер за земјоделство и пратеник од СДСМ, Љупчо Николовски ги осуди погрешните политики на актуелната влада предводена од ДПМНЕ, кои ја загрозуваат иднината на земјоделците и земјоделството во Македонија, а истовремено му одговори на актуелниот министер Цветан Трипуновски.
Одоговорот на Николовски ви го пренесуваме во целост:
Цветан, тргни ги розевите очила, смири ја нервозата, ароганцијата и хистеријата.
Министер, особено некој како тебе со „огромно искуство“ цел живот како директор на инспекторат, директор на фито, пратеник, советник, член по управни, не се брани со навреди и клевети – туку со решени проблеми, со поддршка и визија.
Додека Албанија води прогресивна политика и прави достапни неповратни фондови од милијари евра за модернизација на земјоделството и рурален развој ти губиш време на лаги и манипулиции.
Без да навлегувам во твојата нервозна реакција и ниското ниво на политичка култура, како и лажните конструкции ќе ги повторам фактите наспроти твоите манипулации:
❗ Факт е дека укина, скрати и закочи се што беше добро и успешно во земјоделството и дека во една година немаш донесено ниту една нова мерка, политика или закон за земјоделците.
❗ Факт е дека ги укина програмите за грантови за малите земјоделци и со тоа скрати многу пари за нив за да им овозможиш на големите да добиваат милиони евра исто како во твоето време со Груевски.
❗Факт е дека ја укина предвремена исплата и за прв пат земјоделците до крај на обса година нема да добијат 30% аванс.
❗ Факт е дека за прв пат со ребаланс на буџет се скрати на субвенциите (никогаш досега не се случило).
❗ Факт е дека ја преполови најважната програма за рурален развој како никогаш досега.
❗ Факт е дека со твојата неспособност ја блокираше 🇪🇺 ИПАРД програмата, каде што бевме лидери и први во регионот по искористување на европски средства а сега сме на дното.
❗Факт е дека ја криеш производната цена на грозјето иско со новиот закон што го донесовме мораш да ја објавиш до 15 јули.
❗ Факт е дека имаш рекордно ниски откупни цени на оризот, јачменот, пченицата…
❗ Факт е дека доцнат субвенциите за овчарите, ја укина мерката за заклано јагне, дека земјоделците сè уште немаат картички за зелена нафта.
❗Факт е дека вработуваш и унапредуваш партиски војници и роднини на функционери, а министерството е на дното по рангирање на транспарентност и интегритет.
❗ Факт е дека лажеш кога зборуваш за „оставени долгови“ за што демант имаш од твојот директор на платежна агенција и да
❗Факт е дека си единствениот министер во оваа влада за кој синдикатот писмено побара твое разрешување.
А вистинста за тоа како се дели земјоделското земјиште, како смислено нефункционираше електронската архива и ДМС системот со месеци и со кого се склучуваше договори почнувајќи од првиот ќе излезе на виделина…