Николовски: „#Можеме“ е најголемата, најразнолика и дефинитивно победничка коалиција!

#Можеме“ е најголемата, најразнолика и дефинитивно победничка коалиција, порача на Фејсбук Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

“Коалицијата „Можеме“ ги достави кандидатските листи за пратеници до Државната изборна комисија – 120 имиња на одговорни и угледни граѓани кои ја сакаат својата татковина, граѓани кои се спремни да се вклучат во процесот на позитивните промени, граѓани спремни да работат за доброто на граѓаните и државата. Околу 60 проценти од сите наши кандидати се жени, што е значаен исчекор во стандардите на политичкото делување во нашата земја. Со ваква кадровска понуда и со програмските решенија што ги нудиме носиме нов квалитет, нови вредности и нови стандарди во политичкиот плурализам во Северна Македонија.

Можеме уште подобро, можеме уште повеќе, вели Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e