Николовски: Многумина знаат да ми речат – од каде ти е силата. Им одговарам – од вас, но инспирацијата ми е Андријана

“Се гледаме вечер во 12” – насмеана ме испраќа секое утро. Знае што ме чека.

Десетици и десетици средби, 2-3 маички кои заради топлото ќе ги променам за време на денот, максимум две јадења од кои двете во автомобил… Еден тон енергија која пробувам да им ја пренесам на граѓаните.

Се до полноќ, кога повторно ќе и се вратам. Исцрпен, но задоволен.

Многумина знаат да ми речат – од каде ти е силата. Им одговарам – од вас! И така е. Од вас драги пријатели ја влечам енергијата и желбата. Но, инспирацијата ми е друга. Андријана.

За да дадам сè што можам да направам подобро утре за сите нас. Јас и таа се гледаме тука, дома. Овде сакаме да менуваме, создаваме, растеме. Знам дека сакаат и сите слободни, паметни млади луѓе на кои им е преку глава од стоење на страна!

Првите чекори се направени. Ќе менуваме на подобро, се побрзо и побрзо.

Заедно можеме!

ФБ статус на генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3, Љупчо Николовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e