Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, во денешното фејсбук обраќање, се осврна и на последниот случај од Дебар маало поврзан со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.
“И наместо да одиме напред сложно, ние имаме лидер на опозиција кому кафеаните и теретаните му се поважни од здравјето на граѓаните.
Ако си на водечка позиција во една партија, како што имам и јас чест да бидам генерален секретар, тогаш си ти лицето на таа партија. Па така, тоа што го правиш е рефлексија на она во што веруваш, она за што се залагаш. И не ме чуди зошто Мицкоски вака постапува. Тој во ова негово однесување верува… Лани Мицкоски често кажуваше “Рибата мириса од главата”. И така е.
Тој е главата на партија која не почитува закони. Која луѓето ги дели на ваши и наши, која помага само ако имаш партиска книшка, која потплатува судии, се заканува на новинари, прави црни листи за отстрел, списоци, тепа невини луѓе и притвора неистомисленици… И најважно од се партија која не почитува закони.
Мицкоски јавно призна дека ги прекршил мерките наивно обидувајќи да се оправда дека не ги познавал протоколите, истите протоколи кои тој и неговата партија ги критикуваа.
Во јавноста се појавуваат информации за средбата што Мицкоски ја имал во затворениот дел од ресторанот, а не добиваме се уште одговор на прашањето со кого седел внатре?
Дали на иста маса со Мицкоски седел и Ален Зеќиров, добро познат како поранешен член на обезбедувањето на Сашо Мијалков и личност на која и се судеше за прегазување човек?
Дали на истата маса седел и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање?
И ако е тоа така, јасно е зошто персоналот на ресторанот со часови не дозволувал пристап на инспекторите.
Во време на оваа страшно сериозна здравствено-економска криза Мицкоски свесно и немерно ги прекршува мерките и задолженијата и покажува однесување кое ни на сон не треба да му падне на памет на еден лидер на опозиција, да не правиме муабет за некој што се престставува како претендент за премиерска позиција.
Не се гради така здрав систем. Нека размисли добро министерот Наќе Чулев и нека направи разлика. Изборот му е едноставен – сака да го следи неговиот лидер во деликвентство, мангуплук, или сака да помогне и да си ја врши својата работа. Мора да има ред!
Има мерки и треба да има и казни! Секој што не го почитува законот треба да плати за тоа. Работи си ја работата министре и обезбеди го редот!. Гледате колку треба. Неколку дена мангуплук и непочитување на редот и ефектите се очигледни.
Разочаран сум и знам дека разочарани сте и вие. Со право. Но, верувам дека разумот ќе провлада. Кај сите нас. И верувам дека ова ќе е лекција за сите нас.” – посочи Николовски.