Николовски меѓу граѓаните на Крива Паланка: Заедничката борба донесе промени за подобар живот во Крива Паланка

За вицепремиерот за борба против корупција и генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски, денешниот снег и ниските температури во неговиот роден град Крива Паланка не се пречка, особено кога, како што вели, се работи
 со мотив, од срце. Снегот само ја истакнува чистината на нашата македонска убавина, вели тој тргнувајќи во активностите на терен да ги сослуша граѓаните за идеите и потребите со цел истите да се инкорпорираат во политиките за поквалитете живот во заедницата, во склоп на агендата за процесот на ажурирање во партијата.
4
„Денешното претпладне, заедно со претседателот на ОО СДСМ Крива Паланка, Михаил Дејановски, го поминавме помеѓу нашите сограѓани во склоп на агендата за процесот на ажурирање. Огромна чест и задоволство ми претставуваат посетите на најстарите социјалдемократи кои со години ја докажуваат својата лојалност и активизам за подобрување на нашата заедница. Заедничката борба донесе промени за Крива Паланка, промени за подобар живот на сите наши сограѓани.“ – посочува Николовски.
3
„Го посетивме и Александар Јакимовски член на вториот состав на Собранието на нашата држава и директор на гимназијата Моша Пијаде. Човек кој плени со искуство и авторитет. Задоволство е да се слушнат неговите совети.“ – вели Николовски по средбите со кривопаланчани.
2
Николовски потсетува дека семејството на Социјалдемократите расте и се менува за граѓните.
„СДСМ е партија за сите граѓани, од различни возрасти. СДСМ победува. СДСМ се менува. СДСМ се грижи за сите.“ – заклучива Николовски.
5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e