Николовски меѓу граѓаните: Денес со еден потпис, со едно решение субвенциите стасуваат навремено и неселективно

СДСМ од вчера вечер започна големата теренска активност под слоганот „Рамо до рамо до победа”, во чии рамки претставници на партијата со граѓаните ќе разговараат за актуелни теми, ќе дадат отчет за сработеното, но и ќе бидат најавени следните активности.

11

Со „рамо до рамо со народот”, во наредниот период претставници на СДСМ ќе посетат 946 населени места ширум татковината, ќе разговараат со сите граѓани, во секое населено место, во секоја уличка, куќа, зграда, во секое маало, во секоја урбана заедница.

22
-Доаѓаме со крената глава, да слушнеме, да дадеме отчет за сработеното и да кажеме што следува во иднина. Земјоделците најдобро знаат која е разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Денес со еден потпис, со едно решение субвенциите стасуваат навремено и неселективно. За само 2 месеци исплатени се над 60 милиони евра кон лозарите, полјоделците, градинарите, сточарите, следува исплата на тутунарите…
Ја креиравме најголемата земјоделска реформа, распишавме многу јавни повици за поддршка на малите производители на храна и пијалоци, за прв пат обезбедивме платено породилно за жените земјоделки…И не застануваме тука. Рамо до рамо со народот ќе продолжиме да се бориме за подобро утре, за подобра иднина на сегашните и идни генерации, порача вчера на средбата со граѓаните во Чучер-Сандево министерот Љупчо Николовски.

339129425_774706223994977_1902481655819561606_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e