Николовски – Маричиќ: Силно сме посветени во реализација на ИПАРД и ИПА фондовите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска имаше работен состанок со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Како министерство сме силно посветени во реализација на #ИПАРД и #ИПА фондовите. Зад нас имаме многу успешни проекти финансирани од ИПА, градби на мали системи за наводнување, спроведување на консолидација на земјоделско земјиште, проекти за грантови за земјоделски задруги, изјави Николовски.

Наша единствена цел е преку овие европски фондови, граѓаните вистински да ги почувствуваат конкретните придобивки од евроинтегративниот процес, и да се подобрат условите за живот преку европските стандарди, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e