Вицеперемиерот за борба против корупција Љупчо Николовски го честита почетокот на учебната година на учениците и родителите.
-Драги родители и драги ученици, ви посакувам среќен почеток на новата учебна година. Ниеден почеток не е лесен, секој доаѓа со свои предизвици и пречки, а овој ваш почеток ќе биде за паметење. Од предизвиците излезете посилни, пречките нека не ве обесхрабруваат, дајте го најдоброто од себе и одржете позитивна мисла. Маките со кои е соочен цел свет во оваа година, ќе поминат. Но, знаењето, воспитувањето, искуствата, ќе останат засекогаш со нас. Да направиме да бидат добри и позитивни, порача Николовски.
Николовски преку фотографија на социјалните мрежи се потсети на своите училишни денови, односно сподели фотографија од средното училиште Ѓорче Петров кога бил средношколец.