Николовски: Македонската Влада е најтранспарентна од сите останати во Западен Балкан, „светол пример“ кој останатите држави е пожелно да го следат

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски посочи дека македонската Влада е најтранспарента од сите останати во Западен Балкан!

„Нашата земја освои рекордни 83,43% од поставените критериуми во доменот на транспарентноста. Зад неа е БиХ со 74,9%, потоа следи Црна Гора со 59,5 и на крајот е Србија со освоени 47,7% од максималниот број можни поени.
Во истражувањето за „Отвореноста на извршната власт“ во регионот, во кое предмет на анализа беа Србија, Северна Македонија, Црна Гора и БиХ, нашата земја беше оценета како најдобра. На Конференцијата што денеска се одржа во Подгорица, по повод светскиот ден за слободен пристап до информации од јавен карактер, Северна Македонија дури беше посочена како „светол пример“ кој останатите држави е пожелно да го следат“, истакна Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e