Николовски: Кривопаланечкиот регион е нашиот сврзник со североистокот, продолжуваме со одговорен и транспарентен однос кон капиталните зафати

Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска извршија увид на текот на градежните активности на рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово-Страцин.
Nikolovski2
Кривопаланечкиот регион е нашиот сврзник со северо-истокот и затоа е важен за меѓународната соработка и економскиот развој, истакна Николовски.

„Силно веруваме дека капиталните проекти ќе ја придвижат економијата по здравствено-економската криза. На граѓаните треба да им се овозможат услови, потоа самите ќе бидат двигатели на развојот!
Од местото каде се рехабилитира магистралниот пат Куманово – Страцин, потврдивме пред локалното население дека ефикасно се работи на остварувањето на нашата заложба за побрз и полесен транспорт.
Продолжуваме со одговорен и транспарентен однос кон капиталните зафати и рамномерно инвестирање во инфраструктурата во сите региони“, посочи Николовски.
Nikolovski1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e