Николовски: До крајот на годината ќе предложиме кратење на бенифициите на функционерите

Она што јас ќе го работам и она што го започнавме да го работиме е да ги скратиме дискреционите права на министрите, да ја намалиме моќта на политичарите, посочи вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

„Ќе предложиме до крајот на годината кратење на бенифициите односно кратење на привилегиите на функционерите.

Тоа ни се зацртани цели како што пред пред две ипол години целите ни беа да ја извлечеме земјата од криза, да стане членка на НАТО, да ги отпочне преговорите со ЕУ и да ги исполни стратешките цели на сите генерации “, нагласи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e