Николовски: Конфискацијата на имот и противправно стекната имотна корист е императив за истерување на правдата до крај!

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на денешното промовирање на двегодишната стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот истакна дека конфискацијата на имот и противправно стекната имотна корист се императив за истерување на правдата до крај!
Nikolovski5„Времето на неказнивост, избегнување на правдата, изигрување на законите, полека, но сигурно станува минато. Криминалот е неисплатлив и тоа е пораката која ја испраќаме на денешната промоција на новата Стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот – уште еден стратешки документ и алатка за ефикасна борба против корупцијата“, посочи Николовски.
Nikolovski8Николовски нагласи дека новата Стратегија доаѓа по претходна евалуација и опсежна анализа на реализацијата и недостатоците на Стратегијата 2018-2020 со цел добивање на поквалитетен текст со што помалку недостатоци.
Nikolovski„Со донесувањето на оваа Стратегија сакам да порачам дека сме тука, дека сме присутни, дека ги слушаме препораките на домашната и меѓународната експертска јавност и постапуваме по нив.
Заедно кон силни институции подготвени соодветно да одговорат на корупцијата!“, потенцираше Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e