Николовски: Конфискацијата на имот како системски механизам во борбата против корупцијата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, по владината седница на која беше усвоен Планот за борба против корупцијата, на прес-конференција информираа за деталите и ги претставија мерките за синхронизација на институциите на системот за негова оптимална поставеност за борба против сите феномени на корупција, на судир на интереси и на непотизам, на сите нивоа, како една од нај подмолните закани за општеството и за сите граѓани во него.

Вицепремиерот информираше дека преку соодветни мерки ќе се актуелизира и примени конфискацијата на имот како системски механизам во борбата против корупцијата.

„За таа цел, во рок од три месеци МВР ќе подготви Стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за 2021-2023. Паралелно ќе се формира Национална комисија, којашто ќе го мониторира имплементирањето на  Стратегијата, со што ќе се зајакне координацијата помеѓу надлежните институции за време на финансиските истраги во делот на следење на текот на парите, како и откривање на евентуално претопување, префрлање и прикривање на незаконски стекнатиот имот. Во целиот процес на превенирање и откривање на корупцијата потребна ни е ефикасна и професионална администрaција, за што во планот се предвидени десетици мерки“, истакна заменикот на претседателот на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e