Николовски кон Јанушев: Зошто навреди, омраза, желба за поделби уште веднаш? Зар сметате дека вака државата ќе оди напред?

Вицепремиерот за корупција, одржлив развој и човечки ресурси во новата Влада и генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски се обрати кон својот колега од опозициската партија, пратеникот и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев кој излезе со тешки обвинувања кон политичките противници:

„Колега Јанушев, Зошто навреди, омраза, желба за поделби уште веднаш? Зар сметате дека вака државата ќе оди напред? Зарем не е подобро да најдеме заеднички јазик и да истуркаме некои работи заедно, да работиме за добро на народот, да имаме некој национален консензус по одредени теми?

Разбирам дека ВМРО-ДПМНЕ не живее денови кои ги сака и заслужува. Знам дека партијата е соочена со внатрешни проблеми и превирања, но вака ли ќе се решат истите?
Искрен и пријателски совет до сите колеги во опозициската партија, решете ги внатрешните несакани ситуации, фокусирајте се на тоа.

Дозволете да започнат вистински демократски процеси, нема друг начин да се оди напред. А потоа, владиниот состав и СДСМ како партија ја очекува вашата соработка, партнерство, заедништво, за да продолжиме по европскиот пат кој го трасиравме и за кој се согласуваме дека е вистинскиот за нас.

Имаме многу работа и многу предизвици пред нас. Ни треба стабилна и силна опозиција. Не ни треба хистерија, омраза и поделби.

Сфатете го мојот збор пријателски, како што е наменет. Овој однос сигурно нема да ви донесе резултати.“ – му порача Николовски на Јанушев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e