Николовски: Комплетно завршен и во функција е системот за наводнување Чаушица

Комплетно завршен и во функција е системот за наводнување Чаушица, кој се наоѓа во Југоисточниот регион на територијата на селото Хамзали, општина Босилово, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Николовски нагласи дека системот Чаушица за наводнување опфаќа околу 85 хектари земјоделско земјиште.

„Во финална фаза е и системот за наводнување Славишко Поле, кој заедно со системот Чаушица се два капитални проекти за наводнување на земјоделско земјиште поддржани од #ИПА фондовите на Европската Унија 🇪🇺 чија вредност е 2,5 милиони евра“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e