“КОЛКУ ПАТИ АЛАРМИРАВ ДЕКА ВО ПЛАТЕЖНА СЕ СОЗДАВА СИСТЕМ НА ЗЛОУПОТРЕБИ”, Николовски со остра реакција по СКАНДАЛОТ СО МИТО во земјоделие

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со став за скандалот во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој .
– Колку пати алармирав, укажував, зборев во текот на изминатата година – дека во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој се создава систем на клиентелизам, влијанија и злоупотреби. Предупредував јавно дека ИПАРД 3 ќе крахира. Дека со вакви практики се загрозува кредибилитетот на државата пред Европската комисија и се става под ризик целата ИПАРД 3 програма, вредна околу 100 милиони евра, која требаше да биде двигател на македонското земјоделство.
Денес гледаме како тоа станува реалност – уапсен директор на Агенцијата, фатен на дело при земање мито, токму во институцијата што требаше да ја симболизира европската поддршка за нашите земјоделци, а воедно помогнат и од службеници кои биле дел од кабинетот на Министерот Трипуновски, порача Николовски.

Според него, ова не е изолиран инцидент, туку, како што вели, последица на политичко поставување луѓе без интегритет.
– Срамно е да се дозволи успехот што го изградивме, 100% искористеност на ИПАРД 2, 2369 договори и реализирани инвестиции да биде доведен во прашање заради корупција и лични интереси.
И сега, дали поради сето ова Европската комисија веќе денес се подготвува за стопирање на ИПАРД 3 програмата за Македонија?
Дали ќе има стопирање на сите исплати за веќе реализираните инвестиции, стопирање на потпишување на нови договори и објава на нови повици?
За само една година успеавте да ја уништите довербата што ја градевме со години, и притоа земјоделците да ја платат цената на вашата корупција и неспособност, дециден е Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e