Николовски: Колку и да е тежок, прогресот мора да се оствари!

Вицепремиерот за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски заедно со премиерот Заев, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за правда Бојан Маричиќ и државните секретари Калина Габер и Зоран Попов денеска одржаа утринска брифинг средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во нашата држава, соопшти владината прес-служба.

„Системските промени и силната посветеност на воведување ред и почитување правила се нешто за кое нема да има компромис во мандатот на оваа влада. Премногу се одомашени низ институциите оправдувањата дека некој друг е надлежен, дека друг не постапил како што треба. Луѓето сакаат функционален систем, а не главоболки секогаш кога ќе тргнат низ институционалните лавиринти.“ – порача Николовски.

„Како координатор на ресорите и институциите кои делуваат во зоните на борба против корупција, ќе инсистирам на транспарентност, на намалување на дискреционите права на функционерите, на реакција на сите злоупотреби на моќ во сите ешалони и на блиска соработка со инспекторатите во насока на превентива.Колку и да е тежок, прогресот мора да се оствари!“ – заклучува Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e