Николовски: Коалицијата со ДУИ е функционална, ние не водиме задкулисни игри, отворено кажуваме во јавноста

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во интервју за Фактор, со задоволство зборува за новиот систем на работа и делување на СДСМ, за новата енергија, новиот концепт на партијата и интензивните теренски активности. На последната седница на Централниот одбор на СДСМ, тој беше избран за шеф на изборниот штаб на партијата за изборите предвидени за 12 април.

На прашањто какви се односите со ДУИ, Николовски изјавува: „Коалицијата со ДУИ е функционална. Нормално, по некои прашања и теми имаме различни мислења, како на пример за една изборна единица. Ние не водиме задкулисни игри, отворено кажуваме во јавноста, затоа рековме дека поднесувањето илјадници амандмани заедно со ВМРО-ДПМНЕ е лоша порака. Ние веруваме во една изборна единица, нашиот став останува непроменет, тоа е добро за демократијата“.

„Сметам дека не треба да се одложуваат изборите.СДСМ е фаворит на овие избори, сите релевантни анкети покажуваат предност пред ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев е политичар со убедливо најголем рејтинг а Мицкоски има помал рејтинг дури и од неговата партија. Јасно е дека на изборите победник е СДСМ…“, вели Николовски, одговорајќи на прашањето дали е можно изборите да не се одржат на 12 април догодина.

Целото интервју прочитајте го на Фактор.мк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e