Николовски: Ќе воспоставиме советодавен систем во земјоделството и руралниот развој

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, соопшти дека денеска, заедно со претставниците на ЕУ ја одржаа првата јавна презентација со која го започнуваат консултативниот процес за воспоставување на советодавен систем во земјоделството и руралниот развој.

„Со предлог законот за воспоставување на советодавен систем во земјоделството и руралниот развој го подобруваме знаењето, вештините и капацитетите на земјоделците преку обезбедување совети за правилна примена на националното и европското законодавство.

-За прв пат земјоделците добиваат можност, од својот регион, да одберат Советник според типот на производство.

-Воведуваме мобилна апликација преку која земјоделците ќе ги добиваат информациите навремено и брзо.

-По донесувањето на Законот во Програмата за Рурален развој додаваме нова мерка за поддршка на земјоделците во ангажирање на Советодавни услуги.

Приспособувањето на македонското со европските законодавството е уште една потврда за посветеноста на нашата држава кон целосна интеграција во Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e