Земјава на Кралството Јордан ќе му извезува овошје, зеленчук и јагнешко месо, а во Македонија од Јордан ќе се увезува маслиново масло и урми.
Ова го објави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Тој истакна дека е потпишан прв меѓународен договор меѓу владите на двете земји од областа на земјоделството.
„Овој Меморандум ќе овозможи зголемување на размената на прехранбени производи особено во извезувањето овошје, зеленчук и јагнешко месо од земјава во Јордан, а увоз на маслиново масло и урми од Јордан, во Северна Македонија. Со ова отвараме нови пазари за нашите македонски производи, особено во вакво време на светска криза и предизвикот со обезбеденост со храна, но и ги продлабочуваме билатералните односи помеѓу нашите две земји“ посочи Николовски.