Министерот Љупчо Николовски информираше дека на денешниот работен состанок со претставници на Ветеринарната комора и АХВ, се разговарало за намалување на стапката на ДДВ на ветеринарните услуги од 18% на 5%.
„Денеска на барање на Ветеринарната Комора и АХВ одржавме работен состанок на кој разговарамвме за намалување на стапката на ДДВ на ветеринарните услуги од 18% на 5%. Ова ќе значи големо финансиско олеснување за ветеринарните друштва и ветеринарната професија воедно.
На барање на Ветеринарната Комора, ќе се излезе во пресрет на зголемувањето на цените на услугите од јавен карактер. Од страна на Комисијата која е составена од повеќе институции за прв пат изработена е методологија за утврдување на цените како трајно решение,која ќе почне да се применува од 2023 година.“, рече Никиловски.