Владата на Република Северна Македонија денеска одржа свечена седница на која комесарот за соседство и проширување на Европската комисија Оливер Вархеји ги презентираше Годишниот извештај на Европската комисија за нашата земја и Економско-инвестицискиот пакет на ЕУ за Западен Балкан.
„На одржаната специјална владина седница, еврокомесарот Оливер Вархеи лично го презентираше извештајот на Европската Комисија за реформскиот напредок на Северна Македонија.Во извештајот е нотиран прогрес во борбата против корупцијата и организираниот криминал, што е показател за нашата силна посветеност и имплементација на европската агенда и спроведување на реформите.“ – порача вицепремиерот за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски по седницата.
„Отворивме фронт за бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, се фокусираме на градење функционален систем и ќе посветиме сериозно внимание на имплементацијата на препораките од извештајот со цел Северна Македонија да стане земја на европски вредности.“ – дециден е Николовски.