Во следните две години ќе го менуваме моделот на субвенционирање. Од 2004 година се субвенционира се, иако не се сите стратешки производи, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во „24 анализа“ на ТВ24.
„Ние правиме анализи за да утврдиме кои се десет стратешки култури кои треба да се субенционираат“, посочи Николовски.
Тој додаде дека ќе се обезбеди финансиска поддршка за субвенциите да не бидат социјални, туку развојни.
„Нема да финансираме се и сешто и да ставаме во програмата производи што ги немаме на пазарот, а даваме огромни суми за нив. Правиме анализи и бараме широка поддршка за да утврдиме кои култури се стратешки“ истакна Николовски.