Николовски: Ќе бидат разрешени сите функционери кои ќе ги прекршуваат одредбите од новиот Кодекс на однесување

„На нас е да донесеме резултати за решителен чекор нанапред, иако сме соочени со многу пречки на тој пат. Нашата борба е долга, трчаме маратон, а не спринт“, рече во своето експозе по повод 100 дена од Владата, заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.

„Имаме обврска да бидеме отворени, отчетни пред вас. Уште на самиот почеток презедовме мерки за секој кој го прекршил законот да се сноси одговорност. Донесовме нов Кодекс на однесување за членовите на Владата и сите именувани функционери од истата“- потенцираше Николовски.
„Веќе видовме разрешување на функционери. Ќе бидат разрешени сите оние кои понатаму ќе ги прекршуваат одредбите од новиот кодекс на однесување“, истакна Николовски.
„Новинарите треба да се будни, а функционерите да работат. Ни треба систем во кој чесните и заслужните ќе бидат наградени, а не казнети за својата чеснот и одговорност“- рече Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e