-Ќе работам заедно со новото раководство на СДСМ, со новиот Извршен одбор и потпретседателите кои ќе бидат назначени во следните неколку недели, но ќе го црпиме искуството од досегашните шест потпретседатели, од досегашниот генерален секретар со целокупното искуство, мудрост и трпение коешто сите заеднички го имавме во претходниот период, изјави новиот Генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски по седницата на Централниот одбор.
– Доаѓа период во кој преку инструментите на СДСМ ќе бараме отчетност од сите избрани функционери, ќе бараме отчет од градоначалниците, од локалните самоуправи и точно ќе ја следиме реализацијата на нивната програма, на секој градоначалник, на секој директор, за која мерка, за која политика до каде е самата реализација, посочи Николовски.