Николовски: Капацитетите на сите инспекторати се подигнати на највисоко ниво и навремено и неселективно се постапува во случај на прекршување на законите и на протоколите

Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси истакна дека сите инспекциски служби изминатиов период се постојано на терен и работат исклучително пожртвувано.

„Спроведуваат засилени контроли низ целата држава, со цел да укажат на почитување на здравствените протоколи и мерките за спречување на ширење на коронавирусот.
Капацитетите на сите инспекторати се подигнати на највисоко ниво и навремено и неселективно се постапува во случај доколку се забележи одредено прекршување на законите и на протоколите.
Заштитата на здравјето на секој граѓанин е наш врвен приоритет и нема да има толеранција за непочитување на здравствените протоколи. Ова е заедничка битка, и мора сите да придонесеме за спречување на ширење на коронавирусот“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e