Николовски: Јавен повик за организирање на манифестации и саеми за промоција на земјоделски производи

Oбјавен е новиот јавен повик кој овозможува финансиска поддршка до 120 000 денари по корисник, за организирање на манифаестации и саеми за промоција на земјоделски производи, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

„После две години пауза поради Ковид-кризата, ја продолжуваме поддршката за организирање на манифаестации и саеми за промоција на земјоделски производи.

На веб страната на МЗШВ објавен е новиот јавен повик кој овозможува финансиска поддршка до 120 000 денари по корисник. Ги повикувам единиците на локалната самоуправа, здруженија од областа на земјоделството и руралниот развој, стопанските комори и задруги да аплицираат на јавниот повик за користење на техничката поддршка до Министерството, со цел организирање на промотивни настани за земјоделски производи“, посочи Николовски.

Повикот е отворен и ќе трае заклучно со 22.04.2022 година.

Повеќе информации на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e