Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Њупчо Николовски денеска ја пречека министерката за надворешни и европски прашања на Република Словенија, Тања Фајон.
– Поддршката што ја добиваме од пријателска Словенија е значајна. Словенија е наш најголем поддржувач на европскиот пат. Нашите две земји имаат одлична соработка во секој еден сегмент од живеењето, што впрочем може да се види преку бројните проекти што се реализираат во нашата држава, со помош на Словенија, порача Николовски на средбата.

– Од Словенија го црпиме целото искуство во преговорите на патот кон ЕУ. На денешната билатерална средба со министерката за надворешни и европски прашања на Словенија Тања Фајон, уште еднаш ја потврдивме безрезервната поддршка што како држава ја добиваме.
Она на што посветено работиме е уште поголема поддршка на младите земјоделци, преку креирање на “Сојуз на млади земјоделци” по примерот на “Рурална младинска асоцијација на младите земјоделци” во Словенија. Дополнително работиме и на формирање на нова подсекторска група во министерството за млади, и изработка на посебна програма за млади фармери, порача министерот Николовски.

Во таа насока во тек е и подготовка за студиско патување на млади земјоделци и фармери од Северна Македонија во Словенија, од која што ќе можат директно да го црпат целото позитивно искуство.
-Нашата соработка со Словенија уште повеќе ја надоградуваме, и продолжуваме, порача Николовски кој денеска заедно со Фајон ќе ги посетат Хидросистемот Злетовица и Филтерстаницата во Пробиштип.

