Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во денешното гостување во вестите на Канал 5 ТВ најави нов пакет мерки како силен потик, стимулации и субвенции за земјоделците се со цел повисоки приходи.
-Овој пакет на мерки го креиравме заедно со стручната јавност, професорите, коморите, земјоделците, подсекторките групи… Сите беа вклучени во анализите и креирањето на мерките. Сега носиме план за производство на храна. Владата ги донесе првите мерки од овој Национален план и тие се однесуваат на стратешките култури – пченицата, пченката, јачменот и сончогледот. Кај пченицата даваме поголема поддршка од таа што беше побарана од подсекторката група за жито, затоа што гледаме дека кај овие култури во сеидба сега во сезона треба поголем поттик и поддршка. Затоа финансиската поддршка изнесува 4.000 денари од државата за вештачко ѓубриво. Земјоделците ќе ги добиваат на неделно ниво. Земјоделците да ги чуваат сметките, исплатата ќе оди преку Платежната агенција. 2.500 денари за хектар за сончоглед и јачмен, појасни Николовски.
Тој рече дека дополнително ќе биде распишан оглас за користење на земјоделско земјиште 6.000 хектари со акцент на житните и полјоделските култури.
-Апелираме да се искористи секоја педа земја, да се искористи мерката за субвенции за вештачко ѓубриво, посочи Николовски нагласувајќи ја силната мотивација за домашно прозиводство.
