Николовски: Изминатите 2 месеци исплативме близу 50 милиони евра за субвенции

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на својот Фејсбук профил објави дека за скоро два месеца успеале да исплатат близу 50 милиони евра субвенци за земјоделците.

Еве што напиша Николовски:

Почитувани земјоделци и агробизнисмени,
Изминатите два месеци, со помош на професионалците во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, успеавме да исплатиме близу 50 милиони евра субвенции.

Останува уште еден помал дел од субвенциите кои со назначувањето на новиот директор Никола Бабовски ќе бидат исплатени во најскоро време.

Ве уверувам дека и покрај опструкциите кои ги имавме, исплатата на субвенциите и останатите мерки на новата реформска влада ќе бидат во ваш интерес и за добро на вкупното земјоделско производство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e