Со истрчани 21 километар за 1час и 47 мин. министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски финишираше на денешниот WizzAir Скопски Маратон.

– Пријателска, натпреварувачка и позитивна атмосфера, а поддршката од громогласните навивачи допринесоа денот да биде уште поубав. Честитики до сите учесници и одличната организација, посочи Николовски.

