Сите сме горди на овој проект Јужновардарска долина 2 фаза на тие 2000 хектари проект од 24 милиони евра, како најмодерен систем за наводнување во нашата држава, истакна министерот Љупчо Николовски во денешното гостување на МРТ во емисијата Аграр.
„Оваа година ќе биде историска за државата, после 50 години ќе ја пуштиме во употреба, веќе за неколку месеци браната Конско, проект од околу 40 милиони евра ќе биде завршен. Извонредна е само изградбата на брани на која што се фокусравме, браната во Кочани, браната Конско, останатите системи преку националите програми тоа е Рарен Речица, останати мали системи, хидросистемот Злетовица, нискотршковните системи преку ЕУ кои се 9 на број и веќе се гледат и таму резултатите“, истакна Николовски.
Николовски посочи дека преку германската развојна банка што е поддршка за проектот Јужновардарска долина како голем, има уште нови проекти кои до година треба да бидат завршени.
„Тоа е системот за наводнување во Лисиче Велес, системот за наводнување во Пепелиште Кавадарци и Неготино, системот за наводнување во Конско и третата фаза од Јужновардарска долина односно овие 4 проекти тежат 105 милиони евра. Постапките за избор на проектанти, надзор, изведувачи веќе се во тек за 2 од овие големи проекти. Ако ова го направивме секако и овие 4 следни големи проекти заедно со сите инвестиции во системот за наводнување и реформата која треба да ја направиме на АД Водостопанство, ова земја покрај земјоделско земјишште, пасишта имаме вода и не смееме да дозволиме да таа не дозволено се користи.
Системи за наводнување и одводнување, изградена инфраструктура, тоа е пример дека можеме да се потпреме на македонското земјоделство, нагласи Николовски.