Николовски: Исплатени се 99% од средствата на тутунопроизводителите, откупени се 18.700 тони тутун

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски информираше дека откупот на тутунот за реколтата за 2021 година, помина во најдобар ред, исплатени се 99% од средствата на тутунопроизводителите, откупени се 18.700 тони тутун.

На денешната средба со тутунарите во Радовиш отворено и искрено ги отворивме сите теми, слушнавме предлози идеи и сугестии се со цел заеднички да одговориме на сите предизвици во оваа исклучително тешка година, предизвикана од светската економска криза, истакна Николовски.

Николовски посочи дека за прв пат оваа година се воведува поддршка наменета за тутунарите за набавка на опрема за производство на тутун преку Програмата за рурален развој.

„Зелената нафта, редовната навремена и неселективна исплата на субвенциите се само дел од мерките и политиките зад кои оваа Влада исправено стои.
Ставаме на располагање 7000 нови хектари земјоделско земјиште на земјоделците.
Продолжуваме да се грижиме за секој сектор, преку развојни мерки го поддржуваме производството на тутун, и го слушаме гласот на тутунарите“, нагласи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e