Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски посочи дека не можеме да градиме квалитетна иднина без да ја познаваме моменталната состојба на населението во државата и надвор од неа.
„Затоа, денес почнува најважната и најсложена статистичка операција – Попис на населението, домаќинствата и становите, што ја спроведува Државниот завод за статистика.
Имаме граѓанска должност да учествуваме во пописот како основа за носење идни правилни одлуки и како камен-темелник на нашата демократија.
Република Северна Македонија е единствена земја во Европа без спроведен Попис во последните 20 години. Ова мораме да го промениме за да можеме да ја градиме нашата иднина.
Се работи за нашата држава, за нашата иднината, за нашиот народ!“, потенцираше Николовски.